Портпарол на „Исламска држава“ го пофали нападот во Moсква и повика на напади врз „крстоносците“ во САД, Европа и Израел






Портпаролот на терористичката мрежа „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во концертната сала во предградие на Москва на 22 март, во кој загинаа повеќе од 140 луѓе, а над 300 се повредени.

Оваа изјава говорникот ја даде во однапред снимена порака, поставена на каналот на ИД на апликацијата „Телеграм“. Во пораката тој се претставува како Абу Хусајфа ал-Ансари и ги повикува следбениците на ИД да ги напаѓаат „крстоносците“ насекаде, особено во САД, Европа и Израел.

„Го повикуваме Господ да направи да стигнете до Палестина за да можете да се борите таму со Евреите во бескрајна регионална војна“, рече портпаролот на поддржувачите на ИД.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: