Посебен сообраќаен режим: Еве кои улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Рама

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама.

За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.