Можното одлагање на одлуката за датум за преговори од страна на ЕУ ќе ја стави во опасност Владата, порача од Брисел премиерот Зоран Заев. За секоја одлука која се однесува на проширувањето на ЕУ, како што наведе, неопходно е претходно Бундестагот да даде зелено светло, јави МИА.
– Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември. И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме, рече Заев.
Што се однесува до реконструкцијата на Владата премиерот Заев истакна дека нејзиното спроведување зависи од одлуката на ЕУ. Сепак, доколку се спроведе реконструкцијата ќе има промени кај помалку од две третини од владата и на околу 20 до 30 менаџерски позиции во големите институции.