Трошоците за живот континуирано растат според податоците на Државниот завод за статистика. Имено, според последниот извештај на ДЗС индексот на трошоците за живот за месец септември спореден со минатата година за истиот месец пораснале за 1,9% додека цените на мало бележат пораст од 1%.
Според експертите и онака граѓаните едвај обезбедуваат средства за основните егзистенцијални потреби а покачувањето на цените додатно негативно ќе влијае врз и онака нискиот стандард на живот.
Дополнително, сиромаштијата расте од ден на ден, а граѓаните секојдневно ги губат своите работни места. Така според податоците од почетокот на пандемијата 40.000 граѓани останале без своите работни места, а само за месец септември 2.000 ја изгубиле својата работа.
Инаку, Македонија е на дното по нивото на сиромаштија во регионот и Европа. Според последните информации скоро 400.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштија.