После 60 години се пронашле преку Фејсбук: Емотивна средба меѓу брат и сестра

Се чини дека социјалните мрежи имаат и добри страни (покрај оние негативните). Пред неколку дена токму социјалната мрежа Фејсбук беше заслужна за емотивната средба на брат и сестра кои не се виделе цели 60 години.
Кога во далечната 1954 година родителите им се разведиле, Маргарет останала во Шкотска со нејзината мајка, а Ален и братчето Стјуард заминале во Англија со таткото. Родителите ги прекинале сите врски, па сестрата и браќата немале никаков контакт цели 60 години, но никогаш не се заборавиле. По низа неуспешни обиди да ја пронајде својата сестра, Ален објавил фотографија на Фејсбук, веројатно една од последните заеднички пред распадот на семејството. Фотографијата дошла до Маргарет која исто така се обидувала да ги пронајде браќата.
67-годишната Маргарет и 66-годишниот Алан се сретнале по цели 60 години, а Алан повторно ја прегрнал и својата мајка која денес има 88 години.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK