Ви носиме рецепт за посна пица која сите ќе ја обожаваат.
Состојки:
две тиквички со средна големина
пола лажичка лук во прав
пола лажичка сув босилек
пола лажичка суво оригано
пола кафена лажичка сушен рузмарин
половина шолја кокосово брашно
малку кокосово млеко
маслиново масло
сос од песто
два домати
грст маслинки
половина главица виолетов кромид
така, бибер
Тиквичките измијте ги, излупете ги, изрендајте ги, па кратко бланширајте ги во топла вода. Потоа изладете ги малку, па исцедете ги колку што е можно повеќе. Додадете босилек, оригано, рузмарин, лук, кокосово брашно и млеко и замесете тесто. Формирајте круг, ставете во плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна на 220 степени околу 20 минути. Топлото тесто премачкајте го со песто, одозгора наредете ги исечканите домати, кромидот и маслинките и веднаш послужете.