Станува збор за солени топчиња од кикирики кои на крајот треба да се печат во рерна, а кои можат да послужат како предјадење или ужина, особено во посните денови. Брзо се подготвуваат, а уште побрзо се јадат …
– Иако сè уште не е формиран, одделот задолжен за намалување на трошоците на Владата на Соединетите Американски Држави, на чело со технолошкиот магнат Илон Маск, почна да прифаќа пријави за идниот персонал, …
Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските превои Стража, Маврово и на Плетвар, а на Ѓавато до 100 метри. Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно …
СОСТОЈКИ: 350 гр брашно 200 гр мелени несолени кикирики кесичка прашок за пециво лажичка сол 250 гр маргарин (кој не пости може да додаде путер) 50 до 100 мл кисела вода Подготовка: Во сад измешајте ги брашното, мелените кикирики, пецивото и солта. Во посебен сад измешајте го маргаринот да стане пенест, па додадете го брашното со кикириките и киселата вода, продолжувајќи со матење. Од добиеното тесто, кое треба да биде меко, одвојте парчиња и обликувајте топчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги на 200°C околу 20 минути. Печените топчиња извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат.