Пробајте го најубавиот рецепт за посни чоко-банана бомбици.
Потребни состојки:
1 банана
80 г растопено чоколадо
100/150 г мелени бисквити
Начин на подготовка:
Изгмечете ја бананата и измешајте ја со растопеното чоколадо и мелените бисквити. Смесата е мека затоа што чоколадото е уште топло, оформете бомбици и оставете ги да се стегнат.
Може да ги извалкате во мелени бисквити, јатки, кокос или слично, или може да ставите и чоколадна глазура.