Потврдено дека водата за пиење во Скопје е безбедна

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спровеле вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење.

Со контролата е утврдено дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка анализа, чии резултати денес уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати.

Според АХВ, хиперхлорирање не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводната мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи: