Припадниците на турската крајбрежна стража почнаа акција за потрага и спасување на 10 мигранти, кои исчезнале откако денес во Егејското Море потона нивниот чамец. Не е познато од која земја се мигрантите.
Како што јавува “Анадолија“ чамецот потонал крај брегот на Дикилија, во провинцијата Измир, во близина на грчкиот остров Лезбос. Спасувачката операција започнала откако двајца мигранти успеале да допливаат до брегот и да побараат помош.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.