Потоп во Далмација: Водата носеше се пред себе, а најлошото допрва доаѓа (ВИДЕО)

Силно невреме синоќа и во текот на ноќта ја погоди Далмација, а во некои подрачја падна екстремно количество на дожд. Врнежите, инаку биле изразено нерамномерно распоредени.
Додека на поширокото сплитско и сињско подрачје падна многу малку дожд, во шибеничкото подрачје околу 10 до 20 литри на метар квадратен, во Заострог, јужно од Макарска падна неверојатно количество дожд. Таму падна екстремно количество: дури 161 литар по квадратен метар. Метеоролозите најавуваат нови врнежи, а на целиот Јадран на сила е портокалово предупредување од метеоалармот, што значи дека се можни обилни дождови и силни поплави. Дополнителни проблеми ќе создава и силното југо кое дува долж целиот јадрански брег.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.