Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера се нашле со својот дедо на Железничката станица во Нови Сад, како што српски Курир дознава од членовите на нивните семејства, им подлегнале на повредите.
„И двете умреа, ги нема“, рече Бранко Матиќ, дедото од Лозница, кој нетрпеливо чекал да дојдат кај него вчера на вториот ден од крштевната слава Свети Лука.
Ги чекал и не ги сретнал, пишува Телеграф.
Матиќ проговори за своите стравови и надежи дека малите ќе закрепнат.
Иако подготвени за тоа дека борбата допрва ги чека, кога синоќа ја слушнаа веста дека се тешко повредени, но живи, ја задржа трошката надеж, па сепак, само неколку часа подоцна, нивните најлоши стравови се остварија – семејството ги загуби своите миленички.
Ова семејство вчера веќе доби страшна вест кога им соопштија дека починал дедото на девојчињата од Нови Сад со кого го чекале возот. Од тој момент сите во солзи чекале пред Ургентниот центар во Нови Сад, чекајќи вести за Сара и Тина, за жал, трипати за време на тој страшен 1-ви ноември беа завиени во црно.