Починати уште 11 лицa: Бројот на заразени со коронавирус расте- полициски час во цела Македонија

Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1, информираат од министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Регистрирани се 681 оздравени пациенти од:
Скопје – 271, Кавадарци – 85, Прилеп – 42, Охрид – 31, Неготино – 28, Тетово – 24, Куманово – 23, Велес – 22, Струмица – 18, Делчево – 17, Гевгелија – 14, Штип – 13, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Струга, Гостивар и Битола – по 10, Богданци – 7, Кичево – 5, Крушево и Свети Николе – по 4, Радовиш и Кратово – по 3, Дебар, Берово и Кочани – по 2, Ресен, Виница, Демир Капија и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (76,81г,79г,62г), по 2 пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г,76г) и по 1 пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 1.562 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-0, Биотек-247, Жан Митрев (Филип Втори)-138, Систина-304, лабораторија Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-28, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:


Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 164, активни 4215
Куманово 16, активни 345
Прилеп 34, активни 690
Тетово 12, активни 259
Гостивар 10, активни 182
Штип 6, активни 109
Кавадарци 13, активни 496
Велес 8, активни 228
Битола, активни 208
Охрид 9, активни 440
Струмица 5, активни 177
Струга 5, активни 175
Кочани 5, активни 104
Кичево 1, активни 42
Неготино 13, активни 304
Гевгелија 7, активни 270
Свети Николе 1, активни 22
Крива Паланка 1, активни 118
Ресен, активни 61
Дебар, активни 16
Делчево 1, активни 50
Радовиш 1, активни 14
Берово, активни 29
Пробиштип, активни 34
Виница 2, активни 24
Валандово, активни 24
Крушево, активни 75
Богданци 2, активни 62
Кратово, активни 25
Демир Хисар, активни 23
Демир Капија, активни 31
Македонски Брод, активни 5
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 3
Дојран, активни 1.
Бидејќи бројот на заразени со коронавирус се зголемува, се предлага две недели полициски час во цела Македонија.


-Се предлага полицискиот час да трае две недели колку еден епидемиолошки циклус, тогаш кога очекуваме да има вистински резултат. Можеби ќе има измена на таа препорака.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој во образложението на донесувањето на предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава рече дека евидентно било дека во изминатите десет дена бројот на заболени се зголемува.
-Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив н пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники. Тоа го организиравме денеска во текот на утрото како што беше во ноември, посочи Филипче.
Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти, потенцира министерот, не е така нагол, како што беше на почетокот на ноември и тоа е една значајна разлика без оглед на зголемувањето на инциденцата.
-Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се достигне некое плато односно дали бранот кој сега се јавува ќе биде идентичен на тој во ноември. Тука има поделени мислења на епидемиолозите. Но, ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека има групирање после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки на јавни површини, простори итн., додаде Филипче.
Тој рече дека освен предлогот за воведување полициски час засега нема да препорачаат други мерки, како што е одложување на пописот.
-Засега не, сакаме да го ублажиме овој тренд на зголемен прием на пациенти кон болниците, така што гледаме и нови мерки и други препораки будно ја следиме состојбата. Засега освен ова не препорачуваме ништо друго, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат одложување на полицискиот час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.