Почина македонската фолк пејачка Атина Апостолова, а веста почна да се шири во четвртокот на социјалните мрежи, а една од оние кои први ја пренесоа беше нејзината долгогодишна блиска пријателка и колешка Вики Среброва.
Како што пренесуваат дел од медиумите, Апостолова починала ненадејно и во овој момент во нејзиниот дом има присуство на полиција и екипа на брзата помош, според прописите.
Инаку Апостолова неодамна била подложена на операција на срцето, но интервенцијата минало во најдобар ред.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет. Таа е позната како македонска пејачка на народна музика со голем број на евергрини.