Хрватската радио-телевизија објави дека мажот бил згрижен на одделението за интензивна нега на Клиниката за трауматологија, но и покрај напорите на лекарите, тој починал вечерва околу 21 часот
Вечерва почина мажот кој утрото се полеа со бензин и самозапали на плоштадот пред зградата на хрватската влада во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.
Претходно, доктороте соопштија дека има изгореници од четврти степен.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изрази жалење за трагичниот инцидент.
„Не ги знаеме мотивите или нешто друго, не е наше да го коментираме тоа“,
изјави тој.
Хрватската радио-телевизија објави дека мажот бил згрижен на одделението за интензивна нега на Клиниката за трауматологија, но и покрај напорите на лекарите, тој починал вечерва околу 21 часот.