Почина писателката Тамара Арсовска

По кусо боледување, на 86-годишна возраст, утрово почина Тамара Арсовска, член на Друштвото на писатели на Македонија од 2004 година.
Таа е автор на повеќе книжевно-публицистички книги, и тоа: „Запаметено време“ (1992), „Блиски средби“ (1992), „Отаде минливоста“ (1994), „Волшебници на зборот“ (1995), „Чекор во третиот милениум“ (1999), „Влезница за иднината“ (2008), „Најубавите писма на великаните“ (2009), „Писателите за себе“ (2010), „Од дневникот на нашите години“ (2011), „Творците и нивното време“ (интервјуа, 2012), „Летописни помненија“ (2014), „Сите наши години“ (интервјуа, 2017). Арсовска ги подготвила и антологиските избори: „Илинденски раскази“ (1978); „Поезија на Револуцијата“ (1985), „Весела книга“ (1996), „Во светот на сказните“ (2006).
Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 9 до 10 часот, во Капелата на градските гробишта Бутел во Скопје, по што ќе биде извршен погребот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.