Почина уште едно новороденче во болницата во Битола

Почина уште едно бебе родено во болницата во Битола
Според информациите на „Слободен печат“ станува збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост. Мајката била породена со царски рез.

Докторката на болницата Елизабета Ивановска за „Слободен печат“ ја потврдила информацијата. Според неа и третото бебе на родилката починало на сличен начин.

Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради кои настапила смртта, но според информациите од Ивановска, бебето било родено мртво.
Ова е втор пат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.