Мексичкиот актер Игнасио Лопез Тарсо почина во 98-та година од својот живот.
Игнасио беше ветеран на златното доба на мексиканската кинематографија, а на домашните гледачи им е најпознат од теленовелата „Есмералда“, во која го играше омилениот Мелесио.
Актерката Летисија Калдерон, која ја глумеше Есмералда, се прости од него на својот Инстаграм профил.
„Небесата доби голема ѕвезда. Изгубивме одличен актер, маж, партнер, татко, дедо, пријател. Секогаш ќе се сеќавам како разговаравме и се смеевме со часови. Мојот Мелесио. Многу ќе ми недостига“, напиша Летисија, која била снимена и на последното збогување од нејзиниот колега, каде не можела да ги задржи солзите.
Игнасио бил активен во театарот и филмот до крајот на својот живот.
Во седумдецениската кариера остварил многубројни улоги, извесен период бил и член на Конгресот, а од него се збогувала и мексиканската министерка за култура Алехандра Фраусто, која истакнала дека оставил неизбришлива трага во својата земја.