Грејната сезона во Скопје започнува денеска и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.
Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури.
- Приказни од булеварот: Ја гледам листата на помилувани, повраќаница земја, како до сега…
- 3 знаци не поднесуваат брак и се разведуваат веднаш! Тие никогаш нема да бидат вистински партнери за никого
- Кузеска: Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова
- Четири лица се повредени во престрелка во Приштина, 13 се уапсени
- Шок фотографии од најдебелата пејачка на светот! Беше навистина огромна, а сега не личи на себе
- Сашо Мијалков го честита Денот на македонската револуционерна борба: ВМРО е Македонија – Македонија е ВМРО!
- ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ, СОВЕТНИКОТ НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА, Е БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ,
- Америка потврди: Севернокорејските војници се во Русија
- Невиден скандал во Шведска: По грешка на 33 жени им била отстранета матката
- СДСМ: Шокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки
-Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидрометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Нагласи дека испораката на топлинска енергија ќе се одвива согласно мрежните правила за дистрибуција на топлинската енергија.
РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.