Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска сподели со јавноста дека ќе навива за францускаа фудбалска репрезентација во финалето од Мундијалот во Катар.
-За емисијата „Кратко за фудбалот” на Клан Телевизија ја изразив поддршката за Франција во финалето на Светското фудбалско првенство во Катар на кое ќе игра против репрезентацијата на Аргентина. Им посакувам многу среќа и на двете репрезентации на Мундијалот 2022, порача Спасовски.
Франција и Аргентина ќе се сретнат денеска во Доха, а финалето започнува во 16 часот.