По забраната за влез во САД: Ноле повторно ја освои Америка, 24-тата гренд слем титула му ја посвети на Коби

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 го совлада Данил Медведев во финалето на УС Опен, а победата му ја посвети на легендарниот НБА играч, Коби Брајт кој му беше пријател.

Ѓоковиќ одлично го почна мечот со Медведев, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0.
Вториот сет беше неверојатен, траеше дури еден час и 45 минути, а Србинот го доби во тајбрејк со 7-5.

По маратонскиот втор сет, Ѓоковиќ одигра уште еден релативно лесен сет, го доби со 6-3 и дојде до победа од 3-0.
Ова за Ѓоковиќ беше 24. грен-слем титула, тоа е бројот кој на дресот го носеше легендарниот Коби Брајнт. Турнирот се играше во САД, се поклопија сите коцки и Новак му ја посвети оваа победа нему.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.