По крвавиот инцидент на свадба се огласи Адеми: Син ми беше ранет во грб

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, по еден месец се огласи за инцидентот на свадба во Мала Речица и негираше дека бил дел од него, кога со огнено оружје неговиот син и уште едно друго лице беа ранети.
– Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене.Јас бев повикан во полиција и дадов изјава. Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица, вели тој за “Алсат“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.