ПО ЛУВР ЕВАКУИРАН И ВЕРСАЈ! ТЕНЗИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА НЕ СТИВНУВА: Нова дојава за бомба и таму

Версајската палата во Париз е евакуирана поради закана за бомба, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори.

Замокот беше евакуиран откако безбедносните служби добија анонимна закана за бомба и ќе биде затворен до крајот на денот.

ПО ЛУВР ЕВАКУИРАН И ВЕРСАЈ! ТЕНЗИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА НЕ СТИВНУВА: Нова дојава за бомба и таму

Претходно во текот на денот, музејот Лувр во Париз донесе одлука да ги евакуира посетителите и да ги затвори вратите на 24 часа „од безбедносни причини“.

Франција е во состојба на готовност еден ден по нападот на исламистите во Арас.

„Лувр доби писмена порака со предупредување за ризикот за музејот и неговите посетители. Решивме да го евакуираме и затвораме за тој ден, додека ги извршуваме потребните проверки“, изјави портпаролот на музејот на Твитер.

Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во гимназијата во градот Арас, пред инцидентот извикувал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа. Како што соопштија од полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.