По операцијата од градите и течела зелена слуз! Софија се нашла на работ на смртта – искуство што ја залева крвта

Манекенката и инфлуенсерка, која потрошила преку половина милион долари на пластични операции, открила дека била оставена на работ на смртта откако била подложена на операција во Турција.Софија Липс е позната на јавноста и редовна на насловните страници по опсесијата со естетската хирургија. Некогаш беше прогласена за жена со најголеми усни во Велика Британија. Неодамна за Дејли Мејл  изјавила  дека доживеала стресна ситуација откако забележала како тече зелена слуз од нејзините гради по операција во Турција. – Беше таков хаос. За малку ќе умрев што беше толку лошо. Самата операција помина добро, но кога се вратив дома почна кошмарот – рекла таа. Беше на работ на животот и смрттаЗабележала дека почнала да се чувствува полошо: – Имав неподносливо чувство на печење, се гореше и екстремно отечено. Кога погледнав надолу, видов зелена слуз излегува од мојот завој. Не знаев што се случува, се плашев за мојот живот – открила Софија.  View this post on Instagram A post shared by Sofia lips (@sofia_lipsx)Софија, која беше оперирана во декември 2022 година, потрошила околу 6.000 долари за од 450 кубни метри силиконски импланти да стане речиси двојно поголема.  Кога пристигнала на клиниката, се поминало како и обично, па не била ни најмалку загрижена. Веќе следниот ден се појавиле проблеми, поради што таа итно повторно дошла на клиниката.– Штом пристигнав, ми ја кажаа веста од која се плашев – имам сепса . Веднаш ме примија на интерна каде ми рекоа дека ќе останам најмалку една недела додека не се санира инфекцијата. За да се уверат дека ќе преживеам, мораа да ми го отстранат левиот имплант. Одбив бидејќи не сакав да ја изгубам својата бујна биста за која платив многу пари. За среќа, добро реагирав на антибиотиците, инфекцијата почна да се смирува, а набрзо исчезна – ја споделила Софија својата приказна. По една недела помината во болница и сите маки низ кои поминала, Софија не се плашела, па веќе во јануари 2023 година отишла во друга клиника во Турција и ги вградила најголемите силикони што постојат на пазарот, а сега како што вели, сега е најсреќна.  View this post on Instagram A post shared by Sofia lips (@sofia_lipsx)Софија, исто така, рече дека се надева дека нејзината приказна ќе ја подигне свеста кај луѓето, особено откако Science Direct објави анализа која покажува дека 75 отсто од операциите во Турција завршуваат со компликации. Но, и покрај сите податоци и лично искуство, Софија не застана повторно да „оди под нож“. – Планирам да направам липосукција за неколку недели. Сакам да можам да се менувам како што сакам. Вистина е дека тоа беше моето најстрашно искуство, но преживеав. Порано се срамев јавно да ја кажам мојата приказна, особено што после тоа имав повеќе операции, но сфатив дека е важно да се зборува за тоа. Она што треба да ви го кажам е да го направите вашето истражување и да ги погледнете прегледите на лекарите, како и да не правите операција само затоа што е евтина –  заклучила Софија. 

Пронајдете не на следниве мрежи: