По повод 70 години од формирањето на НАТО, отворен ден на Армијата во Прилеп

На плоштадот “Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп на отворениот ден со кои армијата и земјава одбележува 70 години од формирањето на НАТО беше изложено формациско и лично оружје на АРМ, кое се користи во одбраната на земјава и во мировните мисии.
Во своето обраќање заменикот командант на здружената оперативна команда, бригадниот генерал Орце Јордев истакна дека јубилејот е толку значен колку и фактот што токму до крајот на годинава земјава  ќе стане полноправна членка на НАТО.
Со влегувањето во Алијансата многу војници, старешини и граѓани од Македонија ќе станат членови на  националните комитети во најголемата светска воена организација, а институциите и организациите ќе треба да се реорганизираат според НАТО стандардите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.