Северина еднаш се најде во центарот на скандал кога во јавноста излезе нејзиното интимно видео од јахтата, а сега пејачката за хрватските медиуми откри како најмногу се плашела од реакцијата на својата професорка во средно училиште.– Почетокот на моите триесетти го одбележа филмот. Најлошо во тој период беше кога си помислив: „Исусе Христе, како ќе реагира мојот професор од средно, професор Новаковиќ? Тој беше првиот што ми падна на памет. Тој беше толку прекрасен и мирен човек. Но, како ќе реагираат другите мои професори? Дури подоцна помислив на мајка ми, бидејќи се подразбира дека мајка ти е секогаш со тебе, затоа што те познава – призна хрватската пејачка, па додаде:– После тоа поминав шест месеци дома, па го снимив албумот „Севергрин“. Тогаш ми дојде идејата дека не сакам повеќе да бидам на првата линија – се присети Северина за хрватска ,,Глорија.”Да потсетиме, Северина деновиве се најде во центарот на медиумското внимание, откако во јавноста беше обелоденета нејзината приватна преписка со сопругот на Јелена Карлеуша – Душко Тошиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.