Шпанска Барселона закажа „ел класико“ во финалето за првиот годинешен трофеј во Суперкупот на Шпанија, откако на пенали како и најголемиот ривал Реал Мадрид успеаа да дојдат до пресметка за трофејот, после триумфот со 4-2 во рулетот (2-2 по 120 минути) против Бетис.
ВАР на Барса ѝ поништи два гола за офсајди, а Бетис двапати успеваше да се врати во мечот за да го донесе мечот во пенал-рулет, но таму Хуанми и Вилијам Карвалјо промашија од белата точка во третата и четвртата серија за Каталонците да дојдат до финален меч, откако Роберт Левандовски, Франк Кеси, Ансу Фати и Педри ги реализираа пеналите. Вилијан Жозе и Морон беа прецизни од белата точка за Бетис.