Пејачката Индира Арадиновиќ Инди утрово била запрена од сообраќајната полиција и против неа е поднесена прекршочна пријава за возење без возачка дозвола, која пред неколку дена и била одземена.
Пејачката е запрена во Карабурма, каде што живее, во „Алфа Ромео“. Според медиумите, три месеци не смеела да вози поради одземена возачката дозвола.
Според законот, за ова дело е предвидена казна затвор од најмалку 15 дена или парична казна од 100.000 до 120.000 и 14 казнени поени. А заедно со овие мерки следува и нова забрана за возење најмалку осум месеци.
Да потсетиме, минатата недела изби голем скандал кога во медиумите се појави видео од тепачката меѓу сестрите Инди и Едита Арадиновиќ.