По студеното утро, следува сончев и релативно топол ден

Новата работна седмица започна со студено утро, а во текот на денот ќе се задржи стабилно и сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 7 до 0 степени, додека максималните дневни драстично ќе се зголемат и ќе се движат соодветно во интервалот меѓу 7 и 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и тивко време, со максимална температура до 14 степени.
Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Во среда времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот долж Повардарието ќе се промени во северен.
Во четврток, пак, времето ќе биде променливо облачно и свежо со умерен до засилен ветер од северен правец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.