По Франција, и Литванија не исклучува испраќање војници на НАТО во Украина

По францускиот претседател Емануел Макрон, и литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис оцени дека не треба да се исклучува можноста за испраќање војници на НАТО во Украина.

„Во врска со испраќањето војници во Украина, мислам дека не треба да одбиеме да ја разгледаме оваа опција“, рече Ландсбергис во интервју за Си-Ен-Ен.

Но, на ова додаде дека тоа не значи борбено учество, туку обука и друга помош.

Претходно, Макрон најави дека Франција ќе направи сè за да ја спречи Русија „да победи во оваа војна“. Според него, западните лидери на конференцијата во Париз посветена на ситуацијата во Украина „разговарале за можноста за испраќање војници во Украина“.

По изјавите на Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Германија нема да испрати свој воен персонал во Украина, а слични изјави дадоа и лидерите на други земји-членки на НАТО, со исклучок на Естонија.

Самиот Макрон продолжува да инсистира дека неговите зборови „биле обмислени“. Во исто време, шефот на француската дипломатија Стефан Сежурне уверува дека „Французите нема да гинат за Украина“.


Пронајдете не на следниве мрежи: