Правилото од три минути кое секој родител треба да го знае!

Реално, потребни ни се околу 30 минути да им подготвиме вечера, 15 минути да им прочитаме книга и само момент ни е потребен за да ги бакнеме за добра ноќ. Меѓутоа, според експертитет, меѓу овие периоди, постојат три минути кои се најважни во текот на денот.
Психолозите го објаснуваат правилото од три минути и според нив, ако го следите ова правило, ќе ја имате довербата на вашето дете дури и кога ќе биде тинејџер(ка).
Правилото вели дека секој ден морате да се поздравувате со вашето дете како долго да не сте се виделе. Навистина е важно да поминете три минути гледајќи го вашето дете и прашувајќи го што се случило додека не сте биле тука (дури и ако сте биле само до продавница). Многу е важно да го следите ова правило кога го земате детето од градинка/училиште или кога се враќате од работа.


Зошто е важно?
Според психолозите, во текот на првите минути, детето ќе ги ви каже сите информации кои ги запомнило. Последиците од игнорирањето на ова правило може да се разликуваат во зависност од карактерот на детето. Некој кој нема можност да им каже на родителите сѐ кога е во можност за тоа, со текот на времето ќе стекне навика да не ги кажува работите кои се важни. Во тој случај, родителите можеби нема да дознаат важни работи. Други деца цела вечер ќе раскажуваат, а ова за некои родители ќе стане проблем, затоа што со текот на времето ќе престанат да слушаат што има детето да каже.
Дополнителни препораки
Важно е да знаете дека правилото од три минути не значи дека треба да поминувате само три минути со детето. Ова значи дека треба да поминете три минути со детето откако ќе се сретнете повторно за да слушнете што има да ви каже. За да постигнете целосно разбирање со детето, треба да ги следите овие препораки:
Секој ден минувајте време правејќи нешто што ви е интересно и на вас, но и на детето.
Детето нека види дека го разбирате. На пример, кога ќе ви каже нешто, повторете ја информацијата за да бидете сигурни дека добро сте разбрале.
Не покажувајте лажно возбудување.
Подоцна навратете се на разговорот, за детето да види дека сте го запомниле разговорот.
Избегнувајте долги и некорисни расправии

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.