Пратеничката Фросина Ременски на социјаните мрежи сподели впечатоци од дружењето со македонските војници во Кабул каде што е заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ременски на војниците им посака среќа и успеси, и им честиташе за посветеноста и храброста. Од Командата за обука, советување и асистенција на Авганистан, Ременски, пак, доби благодарница.