Пратеничката се појави со безобразно длабоко деколте, па се огласи дека тука не застанува

Длабокото деколте на бразилската пратеничка Ана Паула да Силва на полагањето заклетва предизвика остри реакции во Бразил.
Како што наведува „АП“, таа се најде во центарот на вниманието во бразилските медиуми и на социјалните мрежи поради облеката која ја носела на 1 февруари.
Многумина нејзиниот моден вкус го нарекоа непристоен, шокантен и вулгарен, додека според други облеката не е важна.

Да Силва се огласила на Фејсбук, бранејќи го својот избор на облека.
„Овој мачо свет полн со предрасуди во кој живееш не е мој свет“, му одговори на еден маж кој ја праша како нејзиното деколте допринесува за демократијата.
Како што изјавила, таа сведочела како многу мажи во одела и кравати грабаат пари од здравствениот систем, што смета дека е неприфатливо.

Да Силва била петта по бројот на освоени гласови на минатогодишните избори за собрание, а пред тоа отслужила два мандати како градоначалничка на Бомбињас, наведува агенцијата.
Таа е мајка на две деца и порачала дека ќе продолжи да носи тоа што и се допаѓа.
Сепак, се заканила дека ќе ги тужи оние кои и испратиле најагресивни пораки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.