Првата пратка вакцини наменети за САД тргнаа од фабриката на Фајзер

Loading...

Првите камиони со околу 185.000 шишиња вакцина против коронавирус тргнаа денеска од фабриката на “Фајзер“ во Мичиген.
Камионите со вакцини се очекува да пристигнат утре во сите 50 американски држави, објави Си-Ен-Ен.
Уште 3.900 шишиња ќе бидат испорачани подоцна денеска во САД, а утре 400 кутии со приближно 390.000 шишиња ќе бидат испорачани, кои ќе пристигнат во вторник.

loading...