Прва победа на Ники Хејли над Доналд Трамп на внатрепартиските избори за претседателски кандидат


Победата на Хејли на партиските прелиминарни избори во округот Вашингтон е нејзина прва победа во трката за кандидатура за претседател на САД. Таа освои 62,8 проценти од гласовите наспроти 33,2 отсто на Трамп

Поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, ја доби првата победа над експретседателот на САД, Доналд Трамп, на прелиминарните избори за кандидат за претседател на Републиканската партија.

Ники Хејли / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Победата на Хејли на партиските прелиминарни избори во округот Вашингтон е нејзина прва победа во трката за кандидатура за претседател на САД. Таа освои 62,8 проценти од гласовите наспроти 33,2 отсто на Трамп.

Со ова, Хејли станува првата жена која победила на републиканските прелиминарни избори во историјата на САД.

Сепак, сè уште се смета оти Ники Хејли има мали шанси да го совлада поранешниот американски претседател за да ја обезбеди номинацијата на републиканците. Трамп досега победи на сите внатрепартиски прелиминарни избори, вклучувајќи ја и родната држава на Хејли, Јужна Каролина. 

Пред прелиминарните избори во Вашингтон, Трамп веќе собра 244 делегати наспроти 24 на Хејли. Нејзината победа во главниот град ќе додаде само 19 делегати на нејзиниот вкупен број. Сепак, таа ќе остане во трката за републиканска номинација барем до прелиминарните избори на 4 март кога ќе гласаат 16 американски држави.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: