Откако возилото експлодираше на мостот што ги поврзува САД и Канада, се огласи и ФБИ.
Гувернерот на државата Њујорк исто така потврди дека имало инцидент на мостот Виножито во Нијагарините водопади и дека властите внимателно ја следат ситуацијата. Мостот ги поврзува двете земји преку реката Нијагара.
- Уживајте во сонцето, од вторник повторно дожд
- Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври
- Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
- Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
- Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!
- Државните агенции се на лице место и подготвени да помогнат – беше речено.
Локалните медиуми претходно објавија дека сите четири меѓународни гранични премини меѓу САД и Канада во западен Њујорк биле затворени во средата поради инцидентот.
Сликите и видеата, наводно, од граничниот пункт покажуваат пламен и автомобилски делови на земја.
Се огласи и од канцеларијата на надлежното ФБИ во Бафало.
- Канцеларијата на ФБИ во Бафало истражува експлозија на возило на мостот Виножито, граничниот премин САД-Канада во Нијагарините водопади. ФБИ координира со локални, државни и федерални партнери за спроведување на законот во оваа истрага. Бидејќи оваа ситуација е многу флуидна, тоа е се што можеме да кажеме во моментов – се вели во соопштението.