Четири лица, меѓу кои и заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, загинаа во експлозија во јужното предградие Дахија, Бејрут.
Експлозијата се случила во близина на продавница за слатки.
На социјалните мрежи се појави видео по експлозијата на кое се гледаат оштетени згради. На фотографиите се гледаат згради и автомобили како горат, а чад извира на сите страни.
Салех ал-Арури важеше за најважната фигура на Хамас во организацијата на терористичките напади против Израел на Западниот Брег.
Инаку, предградието Дахија е познато како упориште на либанската терористичка група Хезболах, изјавија безбедносни извори за Ројтерс.
Либанската државна новинска агенција вели дека експлозијата била напад на израелско беспилотно летало врз канцеларијата на Хамас во Либан.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.