Прв кластер на заболени од коронавирус регистриран во Вевчани. Тестирањето покажало дека пет работнички вработени во текстилна фабрика асимптоматски носители на вирусот, по што се ставени во изолација.
Тие се заразиле од колешка која одела на работа и криела и покрај тоа што имала симптоми и заразен член од семејството а во опасност се и останатите 35 вработени.
Градоначалникот на Вевчани Јанкоски за „Сител“ вели дека кластерот се следи, но ситуацијата е алармантна бидејќи фабриката сè уште е отворена и покрај тоа што менаџерот бил известен.