Превенцијата е најважна: И младите можат лесно да се заразат од корона вирусот

Последните податоци од Европа и САД покажуваат дека младите, полнолетни лица, не се толку отпорни на новиот тип на коронавирус, како што првично се мислеше.
Според податоците на компанијата Статиста, покажуваат дека речиси четвртина од приближно 28.000 заразени во Италија, се на возраст од 19 до 50 години, пренесува Блумберг.
Податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од околу 2500 заразени – 705 се на возраст од 20 до 44 години. Од нив, меѓу 15 и 20 проценти се хоспитализирани, а за четири отсто е потребна интензивна нега.
Од друга страна, мал е бројот на млади, полнолетни лица, кои починале од последиците на Ковид-19.
Првите податоци од Кина, каде првпат се појави епидемијата, укажуваа на тоа дека најранлива група се старите лица и оние со хронични здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.