Предупредување од иранскиот министер за одбрана: Ова доаѓа по сите кои ни се противат

„Доколку има одговор на нашите напади, ќе ја започнеме втората фаза од нашата операција“, рече иранскиот министер за одбрана, пренесуваат медиумите.– Секоја земја што ќе го отвори својот воздушен простор или територија за Израел за да го нападне Иран, ќе добие силен одговор од нас – предупреди тој.Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон Израел. Се проценува дека ќе им требаат неколку часа за да го поминат растојанието и да стигнат до целите.Ирански напад врз Израел се очекува веќе неколку дена, откако Израелците го погодија иранскиот конзулат во Сирија. Израелските власти претходно изјавија дека се подготвени да се одбранат и дека очекуваат ирански напад. Во таа насока, тие забранија собири низ целата земја.

Пронајдете не на следниве мрежи: