Пред Собрание протест против уставните измени

Додека во Собранието на Република Македонија се одржува пленарна седница, пред зградата на Собранието се одржува протестот против уставните измени организиран од „Македонија Блокира“.
Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои ќе ги порачаат денес од протестот.
– Ова што се случува во Собранието денеска е класична узурпација на она се што значи македонизам. Пратениците веднаш да го напуштат Собранието. Заев да си поднесе оставка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на народот – рече Ончев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.