Во 2004 година, на Евросонг во Истанбул победи претставничката на Украина, Руслана, со песната “Wild Dance”.
Пејачката ја освои Европа со својата песна, но и со препознатливата кореографија, а овој евровизиски хит и до ден-денес остана запаметен.
Еве како изгледаше настапот на Руслана во 2004 година:
Таа денес има 45 години и понатаму се занимава со пеење и настапи ширум Европа. Руслана е редовна со објавите на социјалните мрежи, пред сѐ на Инстаграм, каде фановите постојано ги следат нејзините активности.