Премиерите Заев и Ципрас утре ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев и исто така премиерот на соседна Грција, Алексис Ципрас ќе бидат номинирани за Нобеловата награда за мир за 2019. година. Номинацијата за престижната награда е за нивните заложби и потпишувањето на Договорот од Преспа и утре на официјална церемонија ќе ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2016. година, Видет Бучамауи.
Иницијативата за номинирање за Нобелова награда првично произлезе од американскиот професор Едвард Џозеф кој во колумна во магазинот „Форин полиси“ напиша дека договорот создава модел за решавање на идентитетски судири кои водат до конфликт не само на Балканот туку и во целиот свет. Дека договорот меѓу Грција и Македонија е успешен пример за мирно решавање на транснационалните спорови, денес на Меѓународениот форум во Доха порача и генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2016. година, Бушамауи и европратеникот Стелиос Кулоглу денес во Собранието на Република Македонија се сретнаа со спикерот Талат Џафери, а средби имаат и со координаторите на пратеничките групи и пратениците од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.