Таа на новинарите во Напиер им рече дека 7 февруари ќе биде нејзиниот последен ден како премиер.
– Сега влегувам во мојата шеста година како премиер и за секоја од овие години дадов апсолутно се од себе, рече Ардерн.
Таа најави дека општите избори во Нов Зеланд ќе се одржат на 14 октомври и дека дотогаш ќе биде пратеник.
Нејзината објава е шок за луѓето ширум петмилионската земја. Иако во политичките кругови се зборуваше дека Ардерн може да поднесе оставка пред следните избори, таа секогаш говореше дека планира повторно да се кандидира.
Лабуристичката партија во следните три дена ќе гласа за нов партиски лидер, кој ќе биде и нов премиер. Вицепремиерот Грант Робертсон веднаш изјави дека нема да се кандидира за таа функција.