Премиерот Заев на одбележување на 76 години од депортацијата на Евреите од Македонија

Денес премиерот Зоран Заев присуствуваше на комеморативна свеченост што се одржа во Националната установа македонски народен театар Скопје, по повод одбележување на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот.
Заев истакна дека Холокаустот е човечка трагедија која не може да се спореди со ниту една друга од мрачната страна на нашата цивилизација. Чин на зло во неговата најужасна форма, а сеќавањата на жртвите ќе останат засекогаш наша обврска за – Никогаш повеќе да не се заборави.
-Во име на сите еврејски жртви и во име на сите жртви од Втората светска војна. Кога ја одбележуваме депортацијата и погубувањето на 7 илјади и 144 македонски Евреи, во логорот Треблинка, и кога им оддаваме помен и на останатите шест милиони невини еврејски мажи, жени и деца, сите ние, сакале или не, се соочуваме со сите овие жртви. Како во огледалата на Музејот на Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи, кога нашиот лик станува дел од приказната на сите Евреи. Холокаустот не е само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња, рече Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.