Премиерот на Македонија, Зоран Заев, откако државата не доби датум за влез во Европската Унија, на денешната прес конференција најави предвремени парламентарни избори најбрзо што може. Нив, кажа утре ќе ги предложи на лидерската средба.
– Во Брисел ни беше направена голема неправда. Испорачавме реформи, ги решивме проблемите со соседите. Но, недобивањето датум е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери. Направивме се што требаше и се што можевме. Сакам да се заблагодарам на големото мнозинство на европски лидери кои беа на нашата страна. Ние сме жртви на историската грешка на ЕУ. Јас сум разочаран и лут и знам дека цел народ така се чувствува. За мене ова неисполнето ветување е исклучително лошо. Ја преземам одговорноста и затоа предлагам организирани брзи предвремени избори, најбрзо што може. И токму ова ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски – го започна своето обраќање премиерот Заев.
Призна дека е разочаран и лут, како и целиот народ.
– Јас сум разочаран и лут и знам дека целиот народ така се чувсвтвува. Ова однесување на Унијата е сериозна работа, но тоа е нивна одлука поради нивни нерешени внатрешни работи. Ја преземам врз себе разочараноста на граѓаните и порачувам дека европскиот сон на Македонците и на сите оние кои живеат во нашата земја нема да биде срушен. Сега е потребен вашиот став, па мојот предлог е предверемени избори, најбрзо што може на кои вие ќе донесете одлука, рече Заев.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.