Страотната трагедија која утрово ги потресе Србија и регионот, во која според првичните информации мајка и 3-годишно дете ги загубија животите барајќи спас од пожар кој избувнал во стан на четвртиот кат во зграда на Бежаниска коса во Белград, се покажале како неточни.
Според неофицијални извори на Курир.рс, пожарот кој избил во станот утрово во 8:20 часот, не е причина за скокот во смрт на 36 -годишна мајка и нејзиното дете. Се сомневаат дека мајката најпрво и ги пресекла вените на 3-годишната ќерка, па ја фрлила од четвртиот кат, а потоа и самата скокнала. Полицијата испитува дали жената сама го подметнала пожарот.
Според информациите кои доаѓаат од српските медиуми, до сега немало пријави за насилство во ова семејство. Лекарите од Итната помош можеле само да констатираат смрт кај мајката, додека девојчето иако давало знаци на живот набрзо им подлегнало на повредите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.