Претворете ја спалната во соба за секс

Ако вашата спална соба изглега отприлика вака: кревет помеѓу ноќното масиче и преполн шкаф и столица преплавена со облека, не очекувајте таа да ве поттикне на ноќ полна со страст. Светските психолози, декоратери и дизајнери тврдат дека за да ја претворите спалната соба во секс оаза таа треба да изгледа питомо, а сепак доволно секси за да ве натера да соблечете се од себе.

1. Еден од најлесните начини да ја промените околината е звукот. Прилагодете го типот на музика на расположението во кое се наоѓате, и таа ќе ве доведе до саканата состојба.
2. Едно истражување покажало дека жените подобро ги обавуваат креативните задачи и имаат повеќе инспирација во друштво на билки. Розите се одличен избор бидејќи испуштаат хемикалија за подобрување на расположението наречена фенилетиламин. Кај мажите мирисот на ванила ги буди длабоките емоции, додека јасминот кај жените ја засилува женственоста. Сигурно не сте знаеле дека вдишувањето на мирис од портокал може да го засили дотокот на крв во пенисот за 20%.
3. Кога бира перници и постелнина за секси сцените на креветот Џени Оман, декоратерката на сетот на серијата “Тудори” секогаш користи сатен и плиш во темни бои бидејќи се сензуални и заводливи.
4. Истражувањето од 2007 спроведено во Минесота покажало дека високите тавани го поттикнуват инвентивното размислување, а ниските помагаат да се фокусирате на детали. Затоа ако партнерот е неинвентивен таванот обојте го неколку нијанси посветло од ѕидовите, што би го поттикнало на инвентивност, а доколку неговите мисли се насочени секаде само не кон вас обојте го таванот за неколку нијанси потемно.
5. Јакото светло не е секси и ги тера партнерите да се кријат под покривачот. Дизајнерот за внатрешно уредување Роберт Верди, тврди деа ообоените светилки се повторно во мода. Розовите нијанси ја омекнуваат собата и на кожата и даваат пријатен сјај додека оние со боја на килибар прават телото да изгледа заводливо исончано.
6. Ако сакате повеќе акција, сакате и портокалова боја на ѕидовите. Оваа боја поттикнува енергија која ги обединува секси аспектите на црвената и жолтата. Психолошки црвената е стимулатор, но е прејака па може да иритира. Но помешана со жолтата, тоа е вистинска секси комбинација. Ако изгледа премногу, обојте само еден ѕид од собата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.