Времето во земјава денес ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 9 до 25 степени, а дневната од 14 до 24 степени Целзиусови.
И во Скопје денес ќе биде променливо облaчно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 24 степени.
Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.