Словачката претседателка, Зузана Чапутова, денеска ја распушти владата на премиерот Едуард Хегер, откако Парламентот изгласа недоверба на неговиот кабинет.
Чапутова побара од Хегер и министрите од неговиот кабинет да ја извршуваат функцијата додека не се формира нова влада и рече дека политичките лидери треба да ги разгледаат чекорите за одржување предвремени избори во првата половина на следната година.
На словачката коалициска влада вчера и беше изгласана недоверба во Парламентот.
Во Парламентот со 150 места, 78 пратеници односно двајца повеќе од потребните 76, гласаа за разрешување на трипартиската малцинска влада на премиерот Хегер.